Целта на нашиот прирачник е да се обезбеди краток преглед кој ги спојува информациите распрскани по веб – страниците на различни генерални директорати на Комисијата. Ако го користите нашиот прирачник за идентификација на можни програми од интерес, па потоа да се обратите на посочените веб – страници, ќе најдете повеќе детали за програми и повици за тендери, каде има разлика од еден ГД до друг. Примери за  видовите на финансирани проекти се достапни на веб – страниците на некои од ГД.