Целта на овој прирачник е да се создаде лесно применлива алатка штоќе им ги доближи меѓународните стандарди за заштита од дискриминација врз основа на сексуалната ориентација и на родовиот идентитет на судиите, претставниците на телата за заштита од дискриминација, адвокатите и на активистите за заштита на човековите права. Прирачникот содржи преглед на меѓународни и на регионални стандарди за заштита од дискриминација врз основа на сексуалната ориентaција и на родовиот идентитет. Иако овие основи,честопати,не се експлицитно наведени во основните инструменти за заштита на човековите права, сепак, постои континуиран тренд на прифаќање на сексуалната ориентација и на родовиот идентитет како
основи за дискриминација, на регионално и на меѓународно ниво. Со употребата на овој прирачник ќе се овозможи отпочнувањетона постапки и одлучувањето во случаите на дискриминација врз основа на сексуалната ориентација и на родовиот идентитет, преку директна примена на меѓународните стандарди.