Аутизмот е развојно нарушување кое се појавува во првите три години од животот на детето и го зафаќа нормалниот развој на социјалните и комуникациските вештини. Причините за појава на аутизам не се точно познати и постојат многу теории за неговото настанување. Она што со сигурност се знае е дека начинот
на одгледување во семејството не доведува до аутизам. Со рана дијагноза, правилна терапија и едукативна интервенција тешкотиите кои ги имаат децата со аутизам може да се намалат, но тие секогаш ќе постојат во некоја мера. Лицето со аутизам, во зависност од нивото на попреченост, секогаш ќе има потреба од некоја форма на поддршка.