Пред вас е второто, изменето издание на Препораките за олеснување на пристапот на микропретпријатијата до јавните набавки кои за прв-пат беа објавени пред две години, во февруари 2013 година. Примарно, препораките беа изработени врз основа на сознанијата добиени од следењето на спроведувањето на јавните набавки во Република Македонија, анализата на релевантните национални прописи за јавни набавки во
Македонија, на Кодексот со најдобри практики за мали и средни претпријатија изработен од Европската комисија, како и обемното истражување на практиката на договорните органи и на искуството на микропретпријатијата во областа на јавните набавки во земјава.