Овој извештај во сенка е поднесен до Комитетот за човекови права („Комитет“) од страна на Здружението за критички пристап кон родот и сескуалноста „Субверзивен Фронт“, Коалицијата „Сексуални и здравствени права на маргинализираните заедници“, Центарот за меѓународни човекови права на Училиштето за право при Универзитетот Нортвест и Глобалната иницијатива за сексуалност и човекови права („ГИШР“) на Хартленд алијансата за човекови права и потреби, во пресрет на 114та сесија на Комитетот на која ќе се разгледува усогласеноста на Поранешната Југословенска Република Македонија со Меѓународниот пакт за граѓански и политички права („Пакт“). Целта на овој извештај е да се насочи вниманието на Комитетот кон сериозното и континуирано прекршување на правата што произлегуваат од Пактот на лезбејките, геј,
бисексуалците, трансродовите и интерсексуалните личности („ЛГБТИ“), од страна на Поранешната Југословенска Република Македонија.