Во рамки на проектот „Преглед на правните лекови во Република Македонија низ призмата на ефективна заштита на правата и слободите на граѓаните” финансиски поддржан од Амбасадата на САД, Институтот за човекови права (ИЧП), преку процес на отворени професионални дебати, имаше за цел да ги идентификува и да ги анализира состојбите на ефективноста на домашните правни средства во остварувањето и заштитата
на правото на слобода на изразување и на правото на мирен собир.