Во денешни услови, соочувајќи се со старите, но и со нови дилеми, новинарите и севкупно медиумските работници мора да бидат конзистентни во примената на етичките и професионалните стандарди, а особено во опкружувањето што е под револуционерно влијание на новите технологии. Еден од начините е преку примена на саморегулацијата, која има директно влијание врз слободата на информирањето: „медиумите се одличен механизам со кој граѓаните бараат одговорност кон јавноста и поединците. Меѓутоа, медиумите мора и самите да бидат одговорни доколку сакаат да ја задржат улогата на кучиња чувари во однос на власта и другите моќници, а токму саморегулацијата е функција што го има средишното место во тоа, поттикнувајќи ја притоа и медиумската одговорност кон публиката и зајакнувајќи го квалитетот на медиумот преку доброволни механизми, кои медиумските професионалци ги следат