Социјалната инклузија (општествено вклучување) и вработувањето претставуваат сериозен предизвик со кои во континуитет се соочува Република Македонија. Невработеноста e проблем со кој се соочуваат речиси сите целни групи на невработени лица посебно ранливите категории како што се: младите, долгорочно невработените лица, корисници на социјална помош, лица со низок степен на образование и сл.). Состојбата со невработеноста на Ромите останува еден од најзагрижувачките фактори што го попречуваат нивното целосно вклучување во општеството. Според Пописот во РМ од 2002 година, застапеноста на Ромите во вкупното население во РМ изнесува приближно 2,7%(53.879), со што Ромите се четвртата по големина етничка заедница (по Македонците, Албанците и Турците). Во четвртиот квартал од 2016 година стапката на невработеност на ниво на Република Македонија изнесувала 23,1%3 (1.679.290 вкупно работоспособно население, од кои 950.255 активно население, и 219.148 невработени). Заклучно со февруари 20174 година, вкупниот број на невработени изнесува 105.416 лица, од кои 6.361 (6 %) се од ромска националност, а од нив 2.411 (38%) се жени Ромки.