Овој документ претставува заеднички потфат на група граѓански организации и е резултат на синергија и соработка помеѓу нив, научни работници и експерти (прилог 1). Ваквиот заеднички потфат е одговор на актуелната политичка криза, назадувањето на демократските стандарди и во владеењето на правото и губењето на кредибилитетот на институциите. Документот е комплементарен со заложбите на движењето „#Протестирам/Шарена ре- волуција“ во барањата за итни демократски реформи и за вклучување независни прет- ставници на граѓанското општество во тој процес.