Предлог политики за помош на лица со дислексија во Република Македонија
Оваа анализа на политики и предлог мерки за дислексија во Р. Македонија е поттикната од
истражувачката сторија посветена на лицата со дислексија, подготвена во рамки на
проектот Истражувачкото новинарство – чувар на демократијата и човековите права.
Сторијата беше објавена во медиумите (Нова ТВ, 21 октомври, 2017) со наслов
Образовниот систем не ги препознава децата со дислексија (Истражи факти, 2016).
Вниманието се сврте кон ова прашање затоа што досега не e во доволна мера
актуелизирано, ниту пак решено преку системски мерки на државата. Малкумина во
Република Македонија можат да кажат што е дислексија.