Овој извештај од истражувањето за реинтеграцијата на Ромите – повратници во Македонија е изработен во рамките на проектот „Поттикнување одржлива реинтеграција на Ромите – повратници во Македонија“, спроведуван од Институтот за европска политика – Скопје (ЕПИ), во соработка со Невладината организација „Кхам“. Главната цел на проектот е да се предлагаат и да се застапуваат политики за обезбедување реинтеграција на Ромите – повратници во Македонија. Финансиската поддршка за проектот, вклучувајќи ги спроведувањето на истражувањето и подготовката на овој извештај, е обезбедена од Тинк тенк фондот и од Канцеларијата за ромски иницијативи при Фондацијата „Отворено општество“ од Будимпешта,Унгарија.