Цел на овој труд е да го актуализира прашањето за пресметка на трошоците на семејно насилство во Република Македонија и да фрли светло на видовите трошоци од семејно насилство и нивната дистрибуција во општеството, на нужноста од пресметка на трошоците и импликациите врз градењето политики за спречување и заштита од семејно насилство. Воедно, трудот има за цел да даде преглед на различните методологии за процена на трошоците кои се применуваат ширум светот за да понуди платформа за создавање услови за процена на трошоците од семејно насилство во Република Македонија.