Оваа анализа е подготвена во рамките на проектот „Справување со препреките за излез -Ромите на македонските граници“ (“Combating barriers for exit: Macedonian Roma at the borders”), кој го спроведуваат Институтот за европска политика од Скопје и здружението на граѓани КХАМ од Делчево. Главната цел на проектот е придонес кон менување на јавниот дискурс втемелен на политиките и практиките, претставувајќи ги Ромите како закана за безвизниот режим во Македонија. Проектот истражува како процесот на визната
либерализација, како инструмент на европеизацијата, резултира во донесување политики кои го ограничуваат слободното движење на етничките Роми во случајот со Македонија. Оваа анализа се осврнува на досегашните искуства од судските случаи на лицата вратени од граничните премини и се базира на податоци со кои располага НВО КХАМ како една од клучните организации кои нудат помош при овие случаи.