Производи кои не се трошат при прва употреба се, на пример: обувки, облека, накит, постелнина, теписи, завеси, уреди за домаќинство, мебел и сл.
Од што треба да тргне потрошувачот при купување на овие производи?
Од своите потреби, финансиските средства, да ја разгледа понудата, да ги прочита декларациите на производите (состав, намена и сл., на пример, обувки за дожд или за суво време) при што може да користи интернет за да види како се оценети определени производи на различни независни форуми.