Оваа публикација се состои од анализа на правните акти кои регулираат дискриминација во високото образование. Преку барања за пристап до информации од јавен карактер поднесени до надлежните институции за дискриминација и сумацијата на добиените одговори, се дава осврт на застапеноста на органите при Универзитетот во насока на решавање на случаевите со дискриминација. Публикацијата е во насока на воспоставување на тело кое ќе е надлежно за дискриминација при Универзитетот. Автори: Александра Филипова, Александра Живковиќ Лектура: Конгресен сервисен центар Поддржано од Вестминистер Фондација за демократија и УСАИД