Политички консензус за економската иднина на Република Македонија
Пред вас имате анализа преку којашто е претставена комплексна и посебно интересна проблематика, која за прв пат се претставува во нашата држава и која бара систематско читање. Секој дел од анализата е дел од една целина, има посебна тежина и би можел да биде корисен во посебни ситуации. Овој документ е интегриран и претставува систематски пристап за потрага кон политички консензус, потрага кон разумна дебата и сензибилизирање за реалната ситуација во Р.Македонија. Ова е така бидејќи мотивацијата за еден
ваков документ е токму неинтегрираниот и несистематски пристап кон решавање на проблемите на граѓаните во Република Македонија кој е присутен повеќе од 20 години.