Тежок е патот за излез од пеколот, но не е невозможен. Исполнет е со многу предизвици и препреки, а за да се помине потребни се волја и решителност. Низ сведоштва на зависниците од дрога, алкохол и коцка кои одлучиле да го поминат трнливиот пат, ви ја носиме сторијата од тераписката заедница „Покров“.

Формирана е пред шест години во струмичкото село Баница, а оттаму досега исчистени од пороци излегоа дваесетина зависници. Тие раскажуваат како биле отпишани и маргинализирани од семејствата и заедницата, а за само година и половина станале нови личности со планови за иднината.

Сторијата е изработена во рамки на проектот „Известување за граѓанското општество и неговото влијание врз промените во општеството“, што го спроведува Македонскиот институт за медиуми во партнерство со Центарот за истражувачко новинарство – СКУП Македонија, со финансиска поддршка од програмата Цивика мобилитас.