Коруптивните практики во јавната и во приватната сфера ја девалвираат довербата неопходна
за одржување и развој на стабилни економски и социјални релации, со тоа што ги уништуваат
темелните вредности поставени во највисоките правни документи. Коруптивното однесување е
спротивно на владеењето на правото, на демократијата и на човековите права, затоа што го омаловажува
доброто владеење, фер пристапот и социјалната правда, ја уништува конкуренцијата, економскиот
развој и стабилноста на демократските институции и ги поткопува моралните основи на општеството.
Според нашето законодавство,1 корупцијата е инкриминирачка по различни основи и допира до различни
општествени сегменти, па оттаму борбата против ова зло е потребно да се води на повеќе фронтови. Во
таа насока се препораките на ЕУ, на Советот на Европа и на ОН што ја потенцираат корупцијата како еден
од најголемите проблеми со кој светот секојдневно се соочува.