Културната различност во Република Македонија е вградена во фундаменталните одредби за државноста, и нејзината заштита и промоција, е поддржана од процесот за интеграција во Европската унија и во НАТО. Заштитата и промоцијата на правата на различните етнички заедници се загарантирани со Уставот и законите на Република Македонија. Сепак, интеграцијата на помалите етнички заедници во економската, политичката и социјалната сфера на државата се покажа како специфичен предизвик уште од
осамостојување на државата, односно повеќе од две декади. И покрај тоа што Република Македонија има наследено релативно широка рамка во однос на почитувањето на правата на етничките заедници од Југославија, некои предизвици сѐ уште опстојуваат. Тие главно се однесуваат на економската и политичката вклученост на овие заедници.