Перцепции за семејното насилство-фокус на насилството врз жените во Општина Куманово
Истражувачка студија која се однесува на утврдување на аспекти на семејното насилство во Општина Куманово, појaва согледана од “женски агол”. Во истражувачкиот фокус се определени феноменолошки и етиолошки елементи на семејното насилство (обемот, распространетоста, видовите и причините), со акцент на насилството над жените во семејството во Општина Куманово.