Институционална трансформација на Државниот завод за ревизија (ДЗР) во Македонија датира од 1999 година, кога девет вработени од Дирекцијата за економско финансиска ревизија беа префрлени во новоформираниот ДЗР. Од своето основање до денес (првиот Закон за државна ревизија беше донесен во 1997 година), ДЗР се развива во услови на интензивни процеси на реформа на системот на финансиска контрола и реформа на јавната администрација и интензивни активности и процеси на соработка со меѓународни институции за остварување на стратешките цели на државата за пристапување кон ЕУ и
евроатланските интеграции. ДЗР во рамките на својата дефинирана мисија има за цел обезбедување на објективни и навремени информации до надлежните државни органи и јавноста за наодите од извршените
ревизии, како и преку јасни и ефективни препораки до корисниците на јавните фондови да придонесе за севкупно подобрување на управувањето со јавните финансии.