Основна анализа на работењето на судскиот совет на Република Македонија
Анализава на работењето на Судскиот совет на Република Македонија е подготвена во рамки на проектот „Зголемен јавен надзор врз работата на Судскиот совет на РМ“ реализиран од Институтот за човекови права, со поддршка од Британската амбасада во Скопје. Анализава дава преглед на актуелната состојба во однос на работењето на Судскиот совет на РМ (во натамошниот текст ССРМ).Правото на граѓанинот да му суди независен и непристрасен судија претставува основен постулат на судската власт. Независноста и непристрасноста се вредности на судската власт гарантирани со Уставот на РМ, со законите во РМ и
со меѓународните документи ратификувани од РМ.