Иако насилството врз жените се смета за прилично распространет феномен во земјата и дури три од пет жени сметаат дека насилството врз жените е вообичаено, а речиси три од десет сметаат дека тоа е многу честа појава, сепак многу малку жени од Ромската популација се свесни за постоењето на семејното насилство и многу ретко соодветно одговраат на истото. Земајќи го предвид фактот дека семејното насилство е длабоко распространето и вкоренето меѓу Ромските семејства како воспоставена пракса и семејна вредност, сепак ова истражување покажа дека Ромската жена може да препознае семејно насилство, меѓутоа не е подготвена и има ниска свест за самостојно и соодветно да реагира. Проектот „Охрабри се и не молчи за семејното насилство“, овозможува да се разгледаат неколку компоненти од семејното егзистирање на ромската жена и на тој начин да се препознаат недостатоците кои општеството ги има за зајакнување на свеста на жената во оваа област и меѓу оваа целна група. Жените, етнички Ромки имаат потрадиционални ставови и гледишта отколку општата популација. Прифаќањето на насиството врз жените и третирањето на насилството како приватна работа би можело да ги лиши овие групи на жени од пристапот до помош. Меѓутоа, затоа се овде институциите да одговорат соодветно и да развијат меѓусекторски пристап за решавање на семејното насилство врз жените од Ромската етничка заедница. За да се постигне ова, институциите во соработка со бизнис секторот и граѓанските организации, заеднички треба да работат на економско зајакнување на Ромската жена, кое ќе ја направи независна и слободна при донесување на суштествено важни одлуки. Меѓутоа, не треба да се заборави и социјалниот и здравствениот аспект, преку кои ќе се зајакне позицијата на жената Ромка во општеството преку учество и давање придонес во јавниот живот, а во исто време ќе се зајакне нејзината свест и одговорност за нејзиното здравје, преку рамноправно донесување одлуки во семејството за проширување и развој на истото

Истражувањето е дел од проектот “Охрабри се и не молчи за семејното насилство” кој е овозможен со финансиска поддршка од Цивика мобилитасСодржината на оваа публикација е единствена одговорност на (Здружението на Ромите Черења Штип) и на ниту еден начин не може да се смета дека ги одразува гледиштата на Цивика мобилитас, Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC) или организациите што ја спроведуваат“.