Одржливоста на медиумите во дигиталното опкружување
Појавата на интернетот во почетокот на 90-тите години од минатиот век предизвика тектонски потреси и
поместувања на медиумската сцена и на медиумскиот пазар. Глобалната мрежа, особено во својата Web 2.0 фаза, а во содејство со другите дигитални платформи, освен што го разби монополот врз известувањето и информирањето на јавноста на традиционалните медиуми, го разби и нивниот монопол врз трошењето на рекламните буџети на огласувачите.