Студентската пракса претставува еден од круцијалните моменти во процесот на студирање. Како таква, таа треба да го олеснува преминот на студентот од пасивен конзумер на информации во активен, свесен и одговорен студент, кој работејќи на практични проблеми, придонесува кон својот индивидуален развој како и кон развојот на организациите/институциите во кои ја извршува праксата.