Падот на комунизмот и промената на општествено-економскиот систем што следеше голем дел од македонските граѓани ги дочекаа со ентузијазам и верба во подобар живот. Впрочем, како што тоа беше
случај и во останатите европски земји во кои на власт беа комунистичките партии. Надежите за подобар живот не се темелеа само врз уверувањето дека ќе дојде до важен исчекор во остварувањето на личните и политичките слободи и права, туку и врз убеденоста дека ќе се излезе од повеќегодишната економска криза, а животниот стандард набрзо ќе се приближи до оној на западните земји.