На 9ти декември 2005 година, Светскиот ден на борбата против корупцијата, претставници на јавниот, политичкиот, приватниот сектор и на граѓанското општество, свечено ја потпишаа Декларацијата „0“ толеранција за корупцијата. Со својот потпис Претседателот на Собранието, Претседателот на Република Македонија, Заменик- Претседателот на Собранието, Претседателот и Заменик- Преседателот на Владата, претседатели на политичките партии, на стопанските комори, претставници од универзитетите, невладините
организации и многу други претставници од јавниот и политичкиот живот, како и од правосудството, локалните васти и медиумите, се обврзаа дека ќе ја имплементираат Декларацијата.