Нотаријатот поблиску до граѓаните
Со осамостојувањето на Република Македонија настанаа коренити промени во општествено-политичкиот и економскиот, а уште повеќе во нејзиниот правен систем. Донесувањето на Уставот на Република Македонија создаде, меѓу другото, услови дел од вонпроцесните работи кои не се спорни помеѓу правните субјекти да можат да се вршат како јавни овластувања од страна на самостојна и независна служба.