Според член 2 од Договорот за Европската унија (ДЕУ), Европската унија се заснова,пред сè, на почитување на владеењето на правото, слободата, демократијата и заштитата на човековите права. Овие вредности се заеднички за сите земји-членки и се очекува истите да се застапени и почитувани од страна на земјите-аспирантки за членство во ЕУ. Судството претставува значаен фактор и за исполнување и за почитување на овие вредности.