Проблемот на инклузијата на ранливите групи во општеството е заеднички како за помалку развиените земји, така и за развиените. Особено е значајна инклузијата на лицата кои истовремено припаѓаат на повеќе ранливи категории: етнички малцинства, жени, економски депривирани лица, лица со посебни потреби, стари лица итн. Во тој контекст, еден од клучните проблеми на ова поле во Република Македонија е инклузијата на Ромите.