Граѓанските организации кои работат со младите луѓе во земјите од Западен Балкан вклучени во проектот (Македонија, Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Албанија, Косово, Бугарија, Грција, Турција и Хрватска) се соочуваат со слични предизвици: недостиг на социјална вклученост, невработеност, корупција во образованието, несоодветни младински политики итн. така што можеме да речеме дека младите претставуваат маргинализирана група во овие општества. Во последните неколку години, вработувањето на младите добива сé поголема важност на националните и глобалните агенди за развој, со оглед на тоа дека глобалната криза со работни места ја зголеми ранливоста на младите во поглед на: поголема невработеност, послаб квалитет на работните места за оние што ќе најдат вработување, поголема нееднаквост на пазарот на
трудот меѓу различни групи на млади луѓе, подолг и понесигурен премин од образование на работа и поголема оддалеченост од пазарот на трудот