Секторот на обновливи извори во Македонија (ОИЕ)1 е на самиот почеток од развојот. Освен потенцијалите кои ги нуди за добивање електрична енергија, кои не се занемраливи, тука се и можностите за економски развој и зголемувањето на работните места. Постојат многу механизми во денешно време за искористување на потенцијалот понуден од сонцето, ветерот, термалните води итн., и фокусот, освен што е ставен на
нивното користење, е ставен и на осознавањето на нивната економска исплатливост.