Коалицијата Сите за правично судење во периодот од 2005 година до денес, преку директно набљудување на судските предмети од областа на Трговијата со луѓе и илегална миграција, пред Основните судови во Република Македонија, се обидува да изврши позитивно влијание како врз директните имплементатори и учесници во борбата со овој вид на криминал, така и со запознавање на пошироката јавност.