Центарот за развој на медиуми (ЦРМ), во рамките на програмата на УСАИД за зајакнување на независните медиуми во Република Македонија и Про­ ектот за одговорни медиуми и законодавни реформи во медиумската сфера, спроведува континуиран мониторинг на примената на новите медиумски закони во Република Ма­кедонија – Закон за аудио и аудивизуелни медиумски услуги (ЗААМУ) и Закон за ме­диуми (ЗМ). ЦРМ, едновремено, во контекст на овие закони, ја набљудува и работата на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ), на Македонската радиотелевизија (МРТ) и на Собранието на Република Македонија. Примената на законите се мониторира од аспект на тоа какво е нивното влијание врз функционирањето и работата на медиумите и новинарите односно врз слободата на медиумите и слободата на изразување.