Во половина од мониторираните тендери, планираната електронска аукција не се одржала поради тоа што била доставена само една понуда или само една понуда била оценета како прифатлива. На овој начин се доведува во прашање рационалноста во трошењето на јавните пари бидејќи во случаи кога се планира е-аукција, фирмите првично доставуваат повисоки цени во очекување тие да се намалат низ негативното наддавање во аукцијата. Ваквата состојба е директна последица на високото поставување на критериумите за учество на фирмите на тендерите, со што се ограничува конкуренцијата и бројот на понудувачите.