Младинска вклученост во креитањето на локалните политики
Кога говориме за младинските политики постојат повеќе дефиниции што даваат
објаснување на концептот на младинската политика. Во основата, младинската политика е
меѓусекторска политика и ги опфаќа сите одлуки и мерки што влијаат на условите за младите
луѓе во голем број на различни области, како што се вработувањето, образованието,
здравството, домувањето, слободното време, културата и влијанието. Многу е важно да се
наспомене дека младинската политика е стратегија што ја спроведуваат јавните власти со цел
да им се даде на младите луѓе можности и искуства со кои ќе се поддржи нивната успешна
интеграција во општеството и ќе им овозможуваат да станат активни и одговорни членови на
нивните општества, како и носители на промените.