Институтот за европска политика (ЕПИ) на 11 август 2017 година испрати мислење до работната група во Министерството за правда, надлежна за ревидирање на Стратегијата за реформа на правосудниот сектор, во врска со Нацрт-стратегијата за правосудниот сектор. Во согласност со структурата на Нацрт-стратегијата, ЕПИ во одделните области внесе анализа на состојбата и наоди, како и конкретни препораки за надминување на проблемите.