Мерење на напредокот во судството, јавната администрација и законодавното тело во Република Македонија
Без јасна слика за прогресот на одредена земја-кандидат во процесот на евроинтеграција не е возможно да се одреди дали таа напреднала кон исполнување на ЕУ стандардите за пристапување. За да ѝ пристапат на Европската Унија, земјите-кандидати и потенцијални кандидати треба да остварат напредок во областа на антикорупциските мерки и на пошироката област на добро управување. Сепак, не постои јасна и стандардна основна платформа, која би се применила за да се оцени напредокот на ваквите земји, вклучувајќи ги и Албанија, Косово, Македонија и Турција.