Република Македонија во процесот на демократска транзиција, ги прифати вредностите како владеење
на правото, и особено заштитата на основните права и слободи како неоделлив дел од овој стандард. Внатрешен елемент и идеја во овој поглед, исто така е и концептот на недискриминација и еднаквост. Сексуалната ориентација како многу чувствителен проблем, тесно поврзан со идејата на идентитетот на едно лице, се појави на агендата на етаблираните демократии и формира дел од се поголемото тело на интернационални норми и правната наука. Иако сеуште постојат проблеми и различни начини на интерпретација, постои заедничка основа за многумина од прашањата. Поради ова, Македонија како земја членка на Советот на Европа, и како земја кандидат за влез во Европската Унија треба да ја усогласи својата легислатива со главните легални концепти и да ги преземе одговорностите кои произлегуваат од членството во главниот чувар на човековите права и при исполнувањето на копенхашките ритериуми за интеграција во ЕУ.