Кратка збирка на информација за едукација на млади Роми и не-Роми за ромскиот холокауст и геноцидот врз Ромите за време на Втората светска војна
Потребата за образование за сеќавање се гледа како алатка за зајакнување на идентитетот на младите Роми и како алатка за борба за човековите права и против дискриминација. Згора на тоа, потребата за овие видови на образовни алатки, исто така може да се види во сѐ поголемиот говор на омраза кон Ромите, од кои голем дел се однесува и за геноцидот! Говорот на омраза и злоупотребата се закануваат на основните вредности и принципи на демократијата и човековите права и тоа е неприфатливо.