Оваа публикација е анализа на корупцијата во високото образование со посебен осврт на работата на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“. Анализата се состои од обработка на видовите корупција во високо образование, како и обработка на прашања добиени од одговори на барања за пристап до информации од слободен карактер до државните институции кои се надлежни за корупција. Публикацијата се состои од анализа на законите кои регулираат корупција, како и анализа на медиумски објави поврзани со корупција во високото образование. Автор: Александра Живковиќ Консултанти: Проф. Д-р Димитар Гелев Изданието е поддржано од : Фондација отворено општество Македонија и УСАИД Изданието е достапно и на англиски јазик.