Во светот не постои место каде што не се среќава терминот корупција. Корупцијата е еден од проблемите од кои светот не може да заздрави. Како проблем таа се среќава во секојдневието, но и во највисоките државни институции. Случаите во кои се среќаваме со оваа глобална проблематика се многубројни, но чекорите кои што се преземени за одалечувањето, поправањето и решавањето на овој проблем се малубројни. Со еден збор кажано, превземените чекори и иницијативи за третирање на оваа проблематика и борба со истата не се доволно силни.