Користење на actio popularis во случаи на дискриминација
Моделот на индивидуална правда многу често претставува неефективен инструмент за докажување на структурната и институционална дискриминација. Од тие причини, при констатација за постоење на
системска повреда на права, се користи правниот институт аctio popularis, кој е востановен така да претставува ефективен механизам за заштита во вакви случаи. Суштината на аctio popularis е втемелената
акција на другиот за заштита на преостанатите, со цел заштита на нивните права или, пак, заштита на принципот на еднаквост.