Компаративни добри практики на примена на ПВР и можности за нивна инмплементација во Македонија
Комплексноста на современите општествени и економски проблеми бара добро осмислен приод од државите
при планирањето и имплементацијата на јавните политики. Регулативата треба ефективно да ги адресира
тие проблеми, при тоа, минимизирајќи ги трошоците и можните штетни влијанија од државните активности. Со други зборови, потребни се најдобрите регулаторни опции, а нивното лоцирање се одвива во амбиент на голем број можности кои не се подеднакво ефикасни, ефективни ниту исплатливи. Доминантна алатка за формулирање на добра регулатива во развиените земји е Проценката за влијание на регулатива (ПВР), која се спроведува и во Македонија од 2009 година.