Кој се грижи за негователките и негователите?
Во рамки на системот за долготрајна нега во Македонија не постојат политики за директна помош и поддршка на негувателките и негувателите. Семејствата во најголема мера сами го носат товарот
за негата, додека пак постојните политики не ги препознаваат нивните потреби. Во услови на сè поголема потреба за долготрајна нега како резултат на стареењето на населението, ниските стапки на наталитет, како и миграциските текови, особено е важно да се дизајнираат политики и мерки за помош и поддршка на неформалните негувателки и негуватели како дел од еден сеопфатен систем за долготрајна нега.
Овој документ се фокусира на неформалните негувателки и негуватели, односно членовите на семејството,
пријателите, соседите што пружаат нега на возрасни лица. Колку постојните мерки и политики содејствуваат со потребите и очекувањата на неформалните негувателки и негуватели, како и со идентификуваните проблеми во практиката, и какви мерки треба да се воведат за унапредување на нивниот статус и положба?