Картата со оценка на заедницата претставува истражување за состојбите на здравствената заштита и правата кај жените Ромки во Шуто Оризари во текот на бременоста и по породувањето. Таа претставува една од алатките за мониторинг од заедницата и имаше за цел жените Ромки од општината активно да се вклучат во следење и оценување на пристапот и квалитетот на услугите во текот на бременоста и по породувањето. Истражувањето е концепирано преку две стратегии, односно зајакнување на жените преку нивна мобилизација во активностите на истражувањето и следење на квалитетот и достапноста на услугите. Ова истражување беше спроведено во соработка со Ромските невладини организации Ромски Ресурсен Центар и Амбрела со поддршка од Фондацијата отворено општество Македонија.