Овој документ содржи препораки за подобрување на законите кои го уредуваат персоналниот данок на доход, надворешната (даночна) контрола и овластувањата на органите на прогон при спроведување на предистражни дејствија. Документот се заснова на детална правна анализа на спроведените инспекции и контроли над 21 граѓанска организација во периодот од декември 2016 до мај 2017 година. Препораките
произлегуваат од идентификуваните проблеми со кои се соочија граѓанските организаици, а се последица на одредени непрецизни законски одредби.