Eдни од основните принципи за демократско управување на локално ниво се отвореноста и партиципативноста. Граѓаните имаат право да ги добијат сите информации од јавен карактер кои ги поседуваат државните институции. Следејќи ги меѓународните искуства, каде граѓаните имаат централна улога во однос на институциите, проектот – Граѓанинот на прво место има цел да влијае за подобрување на транспарентноста и отчетноста на единиците на локалната самоуправа преку обезбедување целосен пристап до јавните податоци и информациите со примена на модерни технологии.