Трендот на стеснување на просторот за делување на граѓанските организации на глобално ниво, за жал, не го заобиколи ниту
Балканскиот регион: само во 2016 година просторот за ефективно делување на граѓанските организации во Западен Балкан и Турција е значително ограничен, со голем број на инциденти и случаи на кршење на правата кои се регистрирани во Босна и Херцеговина, Македонија, Црна Гора, Србија и Турција. Довербата во секторот не забележа никаков пораст во речиси ниту една земја во изминатите неколку години.

Во вакви времиња кога локалните појави се
всушност и глобални, ГОи ширум светот можат многу да придонесат за напредување на просторот за нивното делување на светско ниво, Почнувајќи од размена на искуства, покажување солидарност и формирање широки коалиции, до употреба на нови технологии и со работка со меѓународни иницијативи.

БЦСДН изработи резиме со добри практики и препораки врз основа на дискусиите и локалните искуства за спротивставување на стеснетиот граѓански простор споделени на регионалната конференција “Улогата на граѓанските организации во промовирањето на граѓанскиот простор”, организирана на 21 јуни, 2017 во Скопје, со поддршка Civica Mobilitas.