Проектот „Каде почнуваат, а каде завршуваат парите за субвенции“ врши надгледување на директни плаќања од програмата донесена со одлука на Владата на Република Македонија за финансиска поддршка во земјоделството за 2012 година. Проектот „Каде почнуваат, а каде завршуваат парите за субвенции“ е поддржан од Проектот на УСАИД за граѓанско општество, спроведуван од Фондацијата Отворено општество – Македонија (ФООМ). Овој проект со времетраење од 10 месеци го имплементира Здружението Рурална коалиција – Скопје и партнерските здруженија. Висината на грантот за овој проект е 28 880 американски долари.